Брисел: Орбан блокира 50 милијарди евра, што ЕУ ги планира за помош за Украина

„Резиме на вечерашната средба: вето за дополнителни пари на Украина“, напиша синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан на мрежата Х, по состанокот на Европскиот совет во Брисел.

„Ќе се вратиме на тоа прашање следната година по соодветна подготовка“, додаде Орбан.

Доаѓа Крстовден, строг пост: Еве што треба, а што не треба да правите на овој празник
На 27 септември е Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст). На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст …
(Фото) Нова провокација од Изети Меџити: Во Обединети Нации се фотографираше со албанското знаме
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од …

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека има уште време и дека Украина нема да остане без пари во следните неколку недели, пренесува Би-би-си.

Тој изрази надеж дека договорот за помош на Украина ќе биде постигнат на почетокот на следната година, односно на крајот на јануари.

Европскиот совет вчера донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, а на Грузија да ѝ се додели статус на кандидат за членство во ЕУ.

Орбан претходно изјави дека Украина не ги исполнува условите за членство и дека Унгарија не може да се согласи со таа одлука, но за да дозволи да се донесе таа одлука, тој ја напушти просторијата за време на одлуката и не учествуваше во нејзиното донесување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.