Британија подготвува 20.000 војници! Откриен е нов воен план – и нема никаква врска со Израел или Украина

Велика Британија денеска соопшти дека планира да го зајакне своето воено присуство во Северна Европа, вклучително и распоредување на 20.000 војници во регионот следната година, за да помогне во заштитата на критичната инфраструктура поради зголемените стравувања од руска саботажа.

Британија подготвува 20.000 војници! Откриен е нов воен план – и нема никаква врска со Израел или Украина

Британскиот премиер Риши Сунак претходно се сретна со официјални претставници и шефови на држави на самитот посветен на соработката во областа на одбраната, што се одржува на островот Готланд во Шведска, пренесува Ројтерс.

Британија ќе испрати 20.000 војници, морнари, маринци и пилоти во регионот на Северна Европа, како и осум бродови на Кралската морнарица и група борбени авиони и воени хеликоптери.

Тие ќе учествуваат во вежби заедно со силите на повеќе земји и ќе вршат воздушно извидување.

Група нордиски и балтички држави, како и Холандија и Велика Британија, се состанаа во Шведска на самит посветен на одбранбената соработка, неколку дена откако гасоводот и кабелот за податоци беа оштетени во Финскиот залив.

Финските власти рекоа дека тоа е резултат на „надворешна активност“ што ја поттикна загриженоста во поширокиот нордиски регион.

  • Оваа недела видовме уште еднаш дека нашата безбедност не може да се земе здраво за готово. Од клучно значење е да бидеме обединети против оние кои имаат зли намери – рече Сунак, пренесува Танјуг.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.