Британката Џоан Тартон веќе 15 години страда од мистериозна болест поради која стомакот и е надуен и изгледа како да е во деветиот месец од бременоста.
Честите и силни болки во стомакот, не и дозволуваат на Џоан да може нормално да работи и да се дружи со своите пријатели.
„Откако пред 15 години станав надуена, изгледам како да сум константно во осмиот или деветиот месец од бременост. Секогаш ме боли, прободува во стомакот и во грбот и има денови кога можам само да лежам“, изјави Џоан,која веќе е мајка на петгодишно момче.
Од ваквата болест таа страда од својата 18 годишна возраст,а британските доктори неодамна и дадоа надеж дека по операцијата ќе може да живее како сиот нормален свет.
Хируршкиот потфат се состои од вградување револуционерни минијатурни невростимулатори во дебелото црево, за со електрични импулси да се регулира движењето и работата на органите за варење.
„Кога пред три месеци отидов на тестирање, малиот апарат го поставија покрај мене и низ грло ми протнаа некакво црево се до стомакот. Штом се вклучи машината, почуствував големо олеснување и првпат се почуствував како нормална девојка“, рече Џоан.
Само три дена пред да оди на договореното вградување на имплантот, од болницата во градот Хал и порачале дека хирушкиот потфат е одложен за понатаму.Во цела Велика Британија постојат само две медицински установи – една во Лондон, а друга во Единбург – кои имаат дозвола да изведуваат хирушки потфати кои никогаш порано не се работени. Од двете болници и порачаа на Џоан да причека затоа што нивните хирурзи се уште не се подготвени да работат ризични операции со апарат кој не им е познат.
„Чекањето ме доведува до лудило. Подготвена сум да ризикувам само да ме оперираат“, заклучува Џоан.
Тартон преку интернер успеала да пронајде само уште еден случај на мистериозната болест на надуен стомак, од која таа страда.
„Не има само две во целиот свет. Другиот пациент живее во Америка и двајцата чекаме на операција“, рече Џоан.
Британката Џоан Тартон веќе 15 години страда од мистериозна болест поради која стомакот и е надуен и изгледа как