Британката Никол Мичел, која живее во Лондон, била изненадена кога по брза пошта и пристигнал пакет во кој наместо шампони кои ги нарачала преку интернет добила 20 нови американски пасоши.
Веднаш повикала полиција која и сугерирала да ги фрли, но подоцна висок полициски службеник рекол да не го прави тоа. Таа се јавила во амбасадата на САД во Лондон. По неколку часа пасошите ги преземале вработени од амбасадата.
Од компанијата која ги доставува пакетите изјавиле дека нејзиниот пакет и пакетот за Амбасадата стоеле еден до друг и дека работникот ги заменил по грешка при внесувањето во комбе.
Американската амбасада соопшти дека веруваат оти станува збор за обична грешка која повеќе нема да се повтори и дека безбедноста и интегритетот на патните документи на американските државјани се на прво место.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.