Британскиот радиодифузер БиБиСи во средата соопшти дека ќе затвори 520 работни места во своите информативни редакции, 70 повеќе од бројот на отпуштања објавени во јануари, кои беа ставени на чекање заради пандемијата со Ковид-19.
Директорот на БиБиСи Њуз Фран Фунсворт изјави дека корпорацијата, која главно е финансирана од надоместок за лиценца платена од британските ТВ гледачи, мора да се промени за да биде одржлива.