Британскиот сој „коси“, болниците полни, засилени мерки нема – вакцини најверојатно во април

Британската мутација „коси“, болниците се полнат – се адаптираат нови, вакцините најрано во април, а за евентуални нови рестриктивни мерки ќе се чека до понеделник. Министерот Филипче призна дека бројот на позитивни расте и дека за еден месец бројката на заразени е зголемена за пет илјади, и покрај тоа уверува дека сегашните рестрикции ќе дадат резултат.
„Тоа што беше заклучок денеска, е дека оваа важечка рестрикција на движењето после 22 часот треба да остане иста, дека нема да се надополнува и дека дефинитивните резултати ги очекуваме кон крајот на оваа недела и почетокот на следната“, изјави Филипче.
„Набавката на вакцини е војна“, вели министерот Филипче но дали за таа војна Македонија ги има вистинските војници откако во земјата не пристигнаа најавените дози на вакцини. Филипче е свесен за бавната набавка на вакцини, но повторно не сакаше да шпекулира со датуми кога ќе пристигне следната пратка, според неговата изјава – вакцини нема да видиме овој месец.
“За набавките, тоа што најмногу се очекува, со оглед на промените и информациите од добавувачите, овој процес може временски да се одолжи, но до крајот на овој месец и почетокот на следниот очекуваме да профункционира КОВАКС-системот, очекуваме околу 100.000 вакцини, рече министерот.
Во меѓувреме притисокот врз болниците е се поголем, медицинскиот персонал се бори со последните сили a во ковид центрите низ земјава во мометот се хоспитализирани 1135 пациенти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.