Бритни Спирс ја прослави слободата: Како да сум на седмо небо

Откако Судот по 13 години ја ослободи Бритни Спирс од старателството кое над неа и нејзиниот имот го имаше таткото на пејачката, нема крај на нејзината среќа.
„Каков викенд, се чувствувам како да сум на седмо небо. Ја испив мојата прва чаша шампањ во најубавиот ресторан што некогаш сум го видела“, напиша Бритни на Instagram.
Нагласи дека има уште една причина за прослава, нејзиниот роденден кој наскоро се ближи. На 2 декември ќе наполни 40 години, а особено му се заблагодари на нејзиниот адвокат за кој вели дека и го променил животот.


„Ги славам слободата и мојот роденден во следните два месеци. По 13 години мислам дека доволно чекав. Неизмерно сум среќна што мојот адвокат Метју Росенгарт влезе во мојот живот во време кога ми беше најпотребен. Навистина ми го промени животот. Ќе му бидам вечно должна“, додаде Бритни.
Таа им се заблагодари на обожавателите кои ја слават нејзината победа од денот кога Судот ја соопшти одлуката.
„Историјата е испишана, Бритни е слободна“, напиша на Instagram Сем Асгари, свршеник на пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.