Бројот загинати во експлозиите и нападите на бунтовниците во ирачката престолнина Багдад во вторникот се искачи на 56 а околу 200 се ранети, пренесува Associated Press повикувајќи се на претставници на локалните власти.Според информациите на агенцијата, последните неколку часови бунтовниците извршиле уште неколку напади кои довеле до нови жртви, претежно припадници на шиитската мнозинска заедница. Засега никој не ја презема одговорноста за нападите.Големата нестабилност во земјата ја поттикна владата „за најмногу шест месеци“ да ги одложи покраинските избори, предвидени за 20-ти април во двете покраини со мнозинско сунитско население, кое инаку со 34 отсто е малцинско на национално ниво во однос на 66 отсто шиити.Во покраините Нинива и ал-Анбар од крајот на ланскиот декември траат редовни протести секој петок на кој се собираат повеќе илјади сунити, огорчени од според нив маргинализацијата од страна на владата на шиитот Нури ал-Малики. Инаку за време на владеењето на сунитот Садам Хусеин, малцинските суните ги заземаа сите важни државни функции во земјата, и крајно ја маргинализираа мнозинската шиитска заедница, која ги потисна од челните функции по меѓународната инвазија предводена од САД и НАТО во 2003 година со којашто беше соборен режимот на Садам Хусеин.Во нападите во вторникот, повеќето изведени со автомобили бомби, се убиени најмалку 56 лица а ранети се 171 човек, но властите предупредуваат дека бројот на жртвите може уште да расне.Станува збор за најкрвавиот напад од 9-ти септември 2012 година која во серија насилства загинаа 76 лица.Штом одекнаа првите детонации во главниот град на Ирак во вторникот, полицијата и армијата видно ја засилиле контролата во Багдад, јавува дописникот на AFP.Петнаесет автомобили и неколку насочени убиства го потресоа Багдад, а за нападите за кои сé уште никој не ја презема одговорноста, се сомничат сунитските бунтовнички групи, меѓу кои е и Ал Каеда во Ирак, коишто редовно преземаат напади врз шиитското мнозинство, полицијата и војската, за да се дестабилизира владата на Нури ал-Малики.Минатата цела седмица во слични напади загинаа 87 луѓе.Според најновиот извештај на невладината организација Iraq Body Count со седиште во Велика Британија, најмалку 112 илјади цивили загинале во нападите од 20-ти март 2003 година од инвазијата на меѓународната коалиција во Ирак.
МакфаксБројот загинати во експлозиите и нападите на бунтовниците во ирачката престолнина Багдад во вторникот се искачи на 56