Бројот на загинати Палестинци во израелските напади од 7 октомври се зголеми на 22.722

Најмалку 122 Палестинци загинаа, а уште 256 се повредени во последните 24 часа откако израелските сили продолжија со тековниот напад во опколениот Појас Газа, соопшти Министерството за здравство во Газа.

„Израелската окупација изврши 12 масакри врз семејства во Појасот Газа, што резултираше со 122 жртви и 256 повредени во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Расправа околу поправка на возило заврши со пукање: Обид за убиство во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска …
Ангела Меркел изрази „голема загриженост“ за улогата на Илон Маск во американската влада
Ангела Меркел, која во своите нови мемоари предизвикува стравувања за западниот демократски поредок со Доналд Трамп како претседател на САД, исто така изрази длабока …

Бројот на палестински загинати од тековните напади на израелската армија врз Газа од 7 октомври се искачи на 22.722, а 58.166 лица се повредени, додаде Министерството.​​​​​​​

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпор, Хамас, на 7 октомври.

Оттогаш се убиени најмалку 22.722 Палестинци, а 58.166 повредени, според здравствените власти на Газа. Според официјалните бројки, речиси 1.200 лица загинаа во Израел.

Нападот ја остави Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.