Бројот на починати од коронавирусот во Кина зголемен на 170

До крајот на вчерашниот ден беа потврдени вкупно 7.736 случаи на коронавирусна инфекција, при што се сомнителни се уште 12.167 лица, соопшти комисијата. Од нив, 1.239 лица се во критична состојба.
Националната здравствена комисија на Кина денеска објави дека вкупниот број потврдени смртни случаи од инфекција со коронавирусот до среда пораснале за 38 на 170, додека бројот на заразени се зголемил за повеќе од 1.700 пријавени случаи


До крајот на вчерашниот ден беа потврдени вкупно 7.736 случаи на коронавирусна инфекција, при што се сомнителни се уште 12.167 лица, соопшти комисијата. Од нив, 1.239 лица се во критична состојба.
Од 170 смртни случаи до сега, 162 се пријавени во епицентарот на епидемијата во Хубеи. 70 случаи се пријавени во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Германија, Франција, Тајван и Виетнам. Вкупниот број на заразени е повисок од оној кога беа инфицирани од САРС. Во 2002/2003 година од тој коронавирус животот го загубија 774 луѓе од кои 349 во Кина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.