Бугарија ги предаде на Европол имињата на осомничените за нападот во Бургас

Бугарските власти ја информираа полициска служба на Европската унија (Европол) за имињата на двајцата осомничени за експлозијата на автобусот со израелски туристи во Бургас во јули минатата година, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се тамошното министерство за внатрешни работи.

 
Минатата седмица, истражните органи во Бугарија објавија дека, според истрагата, двајца осомничени за терористичкиот напад припаѓаат на либанската група Хезболах и живеат во Либан, и покрај тоа што едниот од нив има канадско државјанство, а другиот австралиско.
Во вторникот, шефот на бугарското министерство за внатрешни работи Цветан Цветанов се сретнал со дуректорот на Европол, Роберт Вејнрајт во Хаг, каде што ги предал информациите за осомничените во истрагата. Според медиумите, Бугарија, исто така, побарала од либанските власти приведување и екстрадирање на осомничените.
Пред една седмица, либанското шиитско движење Хезболах кое е поврзано со Иран, негираше каква и да е инволвираност на негови приврзаници за кревањето во воздух на автобусот, велејќи дека станува збор за „неосновани обвинувања” кои се дел од „меѓународната кампања” против движењето што ја води Израел.
Бомбаш-самоубиец на 18-ти јули 2012 година крена во воздух автобус на паркингот пред аеродромот во бугарското летувалиште Бургас, со кој се превезуваа израелски туристи, од кои петмина починаа. Идентитетот на сторителoт на терористичкиот напад сé уште не е утврден. Бугарските експерти не исклучуваат можноста експлозивната направа којашто била поставена во неговиот ранец да ја активирал некој од неговите соучесници.
Макфакс
Бугарските власти ја информираа полициска служба на Европската унија (Европол) за имињата на двајцата осомничени за експлоз

Пронајдете не на следниве мрежи: