Бугарија упати протесна нота до Франција поради изјавата на претседателот Макрон

Протесна нота е упатена од Бугарија до Франција за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон „повеќе ги сакам мигрантите од Гвинеја, отколку бандитите од Бугарија“.
Француската амбасадорка во Софија е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на разговор на 4 ноември.
Претседателот Емануел Макрон во интервју за крајно десничарскиот магазин „Актуелни вредности“, објавено во петокот изјавил дека „повеќе ги сака мигрантите од Гвинеја и Брегот на Слоновата коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева му наредила на бугарскиот амбасадор во Париз да упати протесна нота до француското Министерство за надворешни и исторемено ја повикала амбасадорката Флоранс Робин во Министерството.
Захариева во соопштението истакнала дека зборовите на претседателот Макрон биле навредливи и неприфатливи, и дека не ги разбира причините за ваквата изјава на францускиот претседател и оценила дека најверојатно станува збор за некои внатрешни политички проблеми, пренесе БТА.
Бугарската министерка, воедно изразила уверување дека ова недорабирање ќе се реши по дипломатски пат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.