Бјанка Ценсори се појави со својот сопруг Канје Вест на аеродромот Инчеон во Јужна Кореја со неговите три деца и за чудо беше пристојно облечена.Бјанка Ценсори , која ја шокира јавноста со голотијата и вулгарните модни комбинации, сега се појави во јавноста – целосно облечена.Двојката беше фотографирана на аеродромот, а Бјанка го носи Чикаго, најмалото дете на раперот, додека Норт Вест и Псалм одеа покрај нив.Бјанка имаше беж капри панталони , кошула со долги ракави во иста боја и капа на главата. View this post on Instagram A post shared by COLACIAGA Ⅰ 축구 Ⅰ 해외축구 Ⅰ 국내축구 Ⅰ 팬서비스 Ⅰ 싸인 (@colaciaga)За разлика од неговата сопруга, раперот беше облечен во бело од глава до пети, носејќи дуксери и очила за сонце. Раперот во еден момент гледал во мобилниот телефон, а потоа со раката си ја поправал титаниумската протеза.Во друга снимка, Канје се смешка додека им потпишува неколку автограми на обожавателите кои чекаат на аеродромот. View this post on Instagram A post shared by COLACIAGA Ⅰ 축구 Ⅰ 해외축구 Ⅰ 국내축구 Ⅰ 팬서비스 Ⅰ 싸인 (@colaciaga)На социјалните мрежи беа споделени фотографии од семејството од аеродромот во Јужна Кореја, а многумина беа шокирани од ослободувањето на Бјанка.Имаше и такви кои не ја препознаа.„ Во шок сум! Не ја препознав облечена!“, „Вратете ни го гола Бјанка, повеќе ми се допаѓа гола“, „Таа е всушност толку убава и би можела да биде нормална само ако е облечена“, „Кажи! што сакаш, но децата изгледа ја сакаат“ – беа само дел од коментарите.
Пронајдете не на следниве мрежи: