Вагнер се ребрендира, руските платеници ќе се нарекуваат нацистички единици во Африка

Францускиот весник „Монд“ објави дека руското Министерство за одбрана создало нов корпус наречен „Африкански корпус“ за да го зајакне своето присуство во Либија и Африка.

Францускиот весник наведува дека во оваа војска ќе има и членови на руската платеничка група Вагнер како и нови регрути, нагласувајќи дека се започнати процедурите за прифаќање на нов персонал, пренесува Телеграф.

Граѓаните им должат на банките речиси четири милијарди евра
Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките изнесува 3,9 милијарди евра, покажува последниот извештај на Народна Банка. Според НБРСМ, долгот на населението кон банките во август бил за …
Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од опремата во Градски Парк
Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од …

Ле Монд појасни дека овие руски реформи во групата Вагнер доаѓаат по меѓусебните посети на либиската и руската делегација, што резултираше со договор меѓу Хафтар и Путин за проширување на руското присуство во Либија и Африка, преку новиот африкански корпус.

Весникот посочува дека Москва преку Министерството за одбрана се обидува повторно да го изгради своето присуство во Африка и да го напушти брендот Вагнер.

Исто така, беше истакнато дека ова ново име е директно инспирирано од „Африканскиот корпус“, германските баталјони кои се бореле во Северна Африка за време на Втората светска војна, под команда на генералот Ервин Ромел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.