Поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември- Ден на независноста, утре автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје.
– Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници, соопшти ЈСП Скопје.
Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7:00 до 19:30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7:00 до 13:00 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.