Бека Саладин е графички дизајнер, која од мала ја фасцинираат историјата и археологијата.
За да им ги приближи на луѓето историските настани и личности, одлучила да ги искористи своите вештини и да им покаже како би изгледале кога би живееле денес некои од познатите славни ликови од историјата.
Меѓу историските личности кои ги има замислено како би изгледале во денешно време е и Александар Македонски,кој во денешни услови би личел на младолик студент на некој од познатите универзитети.
На нејзината листа покрај Александар македонски се наоѓаат и други големи војсководци и владетели и познати историски личности како: Јулије Цезар, Клеопатра, Марија Антоанета, кралицата Елизабета Прва, кралицата Нефертити, Калигула, Наполеон Бонапарта и други.
Погледнете го изгледот на историските ликови, замислени во денешно време:
Наполеон Бонапарта
Клеопатра
Кралицата Нефертити