Жените сакаат кармини и тоа не е никаква тајна. Ретко кога ќе избегнат шопинг само затоа што веќе ја имаат таа боја или нијанса.
Цените на овој производ за убавина варираат, па можете да ги купите во опсег од неколку стотици денари, до неколку стотици евра.
На пример толку отприлика е цената на кармин што доаѓа од светски позната куќа. Освен една, која чини 14 милиони милиони долари.
Најскапиот кармин на светот доаѓа од куќата „Х. Couture Beauty Diamond Lipstick ” и не е нешто што е најновото на пазарот.
Поради својата цена, тој не е достапен за секого, но веруваме дека ќе можете да преживеете без тоа во вашата колекција.
Доаѓа во пакет со луксузна маскара, а интересно е што на купувачите на овие производи им се гарантирани залихи за цел живот.