Ваква џиновска торта има само Брена на роденден- сепак најголемата роденденска желба за жал годинава неисполнета

Една од најголемите легендарни пејачки на Балканот Лепа Брена вчера го прослави својот јубилеен 60-ти роденден.
Таа заедно со семејството прославата ја организираше во нивниот ресторан, а на истата присуствуваа околу педесетина гости.


Парот прво играше валцер, а потоа нејзината снаа Александра Пријовиќ ја снимаше и роденденската торта.


Моментот кога пристигнуваше чоколадната торта со прскалки привлече големо внимание кај фановите кои веднаш и порачаа да им чува парче и на нив.
Инаку таа вчера призна дека не и се исполнила најголемата роденденска желба, а тоа е да го однесе семејството на егзотично патување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.