Валенсија се наоѓа во зоната за испаѓање, ниту денеска не ја прекинаа лошата серија, со 2-1 загубија од Атлетик Билбао на Местаља.
Домаќините одлично го почнаа мечот, со гол на Кастиљехо во 17. минута дојдоа до водство од 1-0, но само 13 минути подоцна Нико Вилијамс изедначи на 1-1.
Во 72. минута Сансет постигна гол за комплетен пресврт и победа на Атлетик Билбао од 2-1.