Валентино Скендеровски за огласот во Филхармонија: Има ли пилот во авионот, или треба да се правиме дека не се познава од авион дека го местат огласов за некого?

Македонска филхармонија вработува! -пишува на својот Фејсбук профил Валентино Скендеровски негодувајќи за огласот за вработување.
Арно ама на нејзината веб страна не можете да пристапите, затоа што антивирусот на вашиот компјутер ќе ве заштити и ќе пријави phishing, па ќе се откажете за да не закачите некој тројан или да не ви ја хакнат кредитната картичка.
Морав да пристапам од компјутер на којшто нема инсталирано антивирус, за да го симнам огласот ЈАВЕН ОГЛАС бр.02, објавен на 13.12.2018 година, на којшто се објавува дека се вработуваат хигиеничари, тон мајстор, сценски работници и билетородавач.
Во критериумот за тон мајстор (вакво звање не постои, тоа само некој неупатен може вака да го огласи. Постои звање Инженер на звук), се бара кандидатот да има завршено најмалку средно гимназиско образование, или музичко училиште со стекнати ЕВБЕТ-МКСОО (господ знае што значи ова) па веднаш потоа пишува 180/240 кредити!!????
Како бе тоа 180/240 кредити со гимназија или средно музичко?
А кредитите од кој факултет?
Правен или економски?
Што да им кажам јас на отприлика 40 дипломирани инженери на звук, од кои на повеќе од половина од нив сум им бил ментор на дипломската работа, на десетина магистри по музичка продукција, дизајн на звук, акустичари…
Зошто студирале и дипломирале, или магистрирале?
Зошто нивните родители (или тие самите) го плаќале студирањето по 3000 евра за една година?
Да не можат да конкурираат ни за 20.000 денари плата?
Има ли пилот во авионот, или треба да се правиме дека не се познава од авион дека го местат огласов за некого?
Ги повикувам сите дипломирани инженери на звук од Универзитетот за аудио/визуелни уметности Есра, како и оние од УГД-Штип, да конкурираат на овој конкурс, баш ме занима каков ќе биде исходот.
п.с.
Повелете во прилог, имате испечатено, за да не закачите вирус на веб страната на Македонска филхармонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.