Ван Перси ја врати титулата на „Олд Трафорд“

На четири кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед ја обезбеди рекордната 20-та титула.

Во последниот натпревар од 34.коло, екипата на Алекс Фергусон ја совлада Астон Вила со 3:0 и се стекна со недостижни 16 бодови предност во однос на градскиот ривал Манчестер Сити. Натпреварот против Астон Вила мина во знакот на Робин ван Перси кој постигна ’хет-трик’, холандскиот репрезентативец со 24 погодоци е прв на листата стрелци во Премиерлигата. Легендарниот менаџер на Јунајтед, Алекс Фергусон го освои 49-от трофеј во својата кариера, 38-ми како тренер на ’црвените ѓаволи’.
Макфакс
На четири кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед ја обезб

Пронајдете не на следниве мрежи: