Првпат после 31 меч во низа и после 14 години, Кристијано Роналдо не беше стартер за Португалија, а без него бившиот европски првак ја распарчи Швајцарија со 6-1 за пласман во четвртфинале, па не можеше мечот да мине без сеир за најдобриот Португалец на сите времиња.
Роналдо е светски рекордер по број на голови и на клупски и на репрезентативен план, ама денеска мораше да ја гледа рапсодијата на „европските Бразилци“ и неговата замена Гонсало Рамош кој даде хет-трик во победата.
А, сеирџиите успеаа да направат спектакл на социјалните мрежи, откако објавија дека ВАР го фатил Роналдо во офсајд и додека седел на клупа. Роналдо доби 20-на минути на крајот на мечот и даде гол, ама од офсајд.