Васка Леонтиќ: Ин витро не е табу

На 11 август ќе наполни 49 години, а една недела претходно, нејзината ќеркичка ќе наполни 4 месеци. Ја роди со царски рез, после третиот обид за ин витро, а неколку години откако нејзината природна бременост завршила несреќно поради лекарска грешка. Жената која во јавноста е позната како сопственичка на студио и на Академија Леонтиќ, не ги послуша оние кои ѝ зборуваа дека кога има кариера, не ѝ треба дете и после долг и мачен процес, стана вистинска самохрана мајка на сега две ипол месечната Анна Портија Бјанка Леонтиќ.
“Поретко, да не кажам воопшто, за инвитрото не сакаат да зборуваат девојки и жени како мене, кои сами, по пат на купена сперма се одлучиле да го направат процесот на оплодување. Дури кога зборувам за ова, често ми велат: ‘ќути, не зборувај, знаеш какви се луѓето’!
Искрено, тоа замолчување ме иритираше повеќе отколку целиот процес. Јас сум јавна личност на возраст од 48 години, ин витрото ми успеа од третиот обид и не можам да лажам и да се преправам дека бременоста се случила по природен пат или да измислувам дека постоел некој партнер. Ние сме мала средина, сѐ се знае и се дознава, особено откако ќе поминеш низ толку институции и перипетии низ колку што поминав јас и откако ќе потпишеш толку документи колку што потпишав. И на сите со кои говорев на оваа тема им беше чудно колку сум отворена за разговор, па имав чувство дека ме слушаа со недоверба и дека повеќе ќе ми веруваа ако ги лажев. Секогаш велев и сѐ уште велам, за кариера и за љубов секогаш има време, но за да се создаде едно слатко битие, за жал, жената е ограничена, па макар и со сите најнови методи, не секогаш и кај секого успева.Треба многу трпение и упорност“, ја почнува својата приказна нашата соговорничка и новопечена мајка Васка Леонтиќ, во јавноста позната како стилист, едукатор, основач и директор на приватното средно училиште “Академија Леонтиќ“ и сопственичка на Студио Леонтиќ.
Васка Леонтиќ повеќе од две децении успешно ја гради својата кариера во козметичката индустрија и доследно ги следи и ги применува сите нови и модерни текови, новитети и алатки на работа. Иако со веќе сериозно искуство зад себе, не запира ниту во сопственото едуцирање. Иако многумина ѝ велеле дека покрај ваква кариера, не ѝ треба тој “луксуз“ да станува и мајка, истрајала во својата долготрајна и макотрпна борба и на 4.април ја родила својата ќеркичка Анна Портија Бјанка Леонтиќ.
Целиот текст може да го најдете на порталот “Мајка и дете“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.