Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае

Една од најкомплицираните односи што човекот ги има е оној кон храната. Ние не секогаш јадеме затоа што сме гладни, понекогаш желбата за храна е предизвикана од огромната количина на реклами и постери за храна околу нас. Покрај тоа, нашиот апетит е „буден“ и поради многу други фактори кои немаат никаква врска со празниот стомак. Зголемувањето на потрошувачката, а со тоа и на телесната тежина, влијае на нашето здравје. Едно истражување истакнува дека промените на апетитот се усогласени со возраста на луѓето и кога би ги знаеле различните фази во исграната тоа би ни помогнало да ја подобриме нашата исхрана и да се справиме со проблемите како зголемувањето на телесната тежина.
Еве ги и декадите во исхраната наведени во оваа студија:


Прва декада: 0 до 10 години
Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
Навиките за исхраната стекнати во раното детство можат да продолжат во зрелоста. Дебелото дете веројатно ќе стане дебело возрасно лице, ако родителите не преземат никакви мерки на претпазливост. Важно е децата да се навикнуваат да испробуваат храна со различен вкус, текстура и бои за да не се плашат од одредена храна подоцна.
Според истражувањето, децата имаат исти навики во исхраната како и нивните родители, така што нивната околина треба да биде позитивна, урамнотежена и навикната на здравата храна, како што е зеленчукот. Исто така е добро децата да имаат одредена контрола врз количината храна што ја јадат. Принудувањето ги да изедат сè во нивната чинија може да ја намали нивната способност да ги восприемаат знаците на глад и апетит, што доведува до тоа да се стекнат со прекумерна тежина.
Втора декада: 10 до 20 години


Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
За време на пубертетот и адолесценцијата, зголемениот апетит се должи на хормоните. Во оваа фаза, односот на една млада личност кон храната е поврзан со нејзиното тековно здравје и раст. Овој период е клучен со цел да се утврдат навиките во исхраната во иднина.
Без соодветно насочување, младите имаат тенденција да претпочитаат нездрава храна, чија консумација има последици дури и во зрелоста. Научниците забележаа дека кај младите жени постои голема веројатност да страдаат поради недостигот на хранливи состојки, бидејќи во оваа фаза тие го развиваат својот репродуктивен капацитет.
Трета декада: 20 до 30 години


Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
На оваа возраст промените на животниот стил можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина. И штом се стекнат вишокот килограми, тешко се губат. Во оваа конкретна фаза, телото испраќа силни сигнали дека му се јаде кога е гладно, но сигналите што ги испраќа за да одбие храна кога не е, се многу слаби. Студијата објаснува дека тоа е така затоа што има толку многу физички и психолошки фактори кои влијаат на апетитот, кои ги охрабруваат луѓето да продолжат да јадат дури и кога не се гладни.
Во текот на оваа фаза, важно е да научите како да го развиете чувство на ситост, да го слушате телото кога веќе не чувствува глад и со тоа да се избегне прекумерна консумација на храна. Ова се постигнува со избор на храна богата со растителни влакна и протеини, кои ви помагаат подолго да се чувствувате сити, за разлика од производите богати со шеќери и масти.
Четврта декада: 30 до 40 години


Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
Во оваа животна фаза ефектите од стресот почнуваат да се покажуваат. Се покажало дека потешкотиите во зрелата возраст доведуваат до промени во рутината на исхрана и апетит со што може да се развие засилен апетит или, обратно, да се изгуби желбат за храна.
Некои особини на личноста, како перфекционизмот, влијаат на однесувањето во исхраната затоа што тие често предизвикуваат вознемиреност. Во оваа фаза, клучно е да се сменат лошите навики во исхраната, без оглед на тоа дали се применуваат додека сте на работа или дома. На пример, избегнување на „грицките“ на работа и замената на висококалоричните закуски со здрава, свежа храна.
Препознавањето на ситуациите кои предизвикуваат стрес и минимизирање на истите, исто така, ќе помогне да се подобри вашата подготвеност на здрава исхрана.
Петта декада: 40 до 50 години


Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
Во овој период, ќе биде многу тешко да се промени она што претходно не било променето, вели истражувањето. Умот диктира дека треба да имате урамнотежена исхрана и вежбање, но во реалноста, сè уште јадете неправилно и прекумерно.
Според Светската здравствена организација, во оваа фаза се во прв план здравствените проблеми кои произлегуваат од лошите навики во исхраната, како високиот крвен притисок, високото ниво на холестерол во крвта и дијабетесот. Промените треба да бидат насочени кон подобрување на здравјето, пред симптомите да станат очигледни и неповратни.
Шеста декада: 50 до 60 години


Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
Од 50-та година натаму, мускулната маса започнува да се намалува постепено и стабилно. Научниците ја нарекуваат оваа фаза „саркопенија“. Консумирање помалку хранливи материи од потребното, недоволното ниво на физички активности и менопаузата може да го забрзаат овој процес.
Во оваа фаза, неопходно е да се држи здрава, протеинска исхрана. Сепак, едноставните оброци честопати се заменуваат од други кои не ги задоволуваат хранливите потреби на луѓето во оваа фаза, или поради недостаток на време или поради губење на апетитот.
Седма декада: 60 ​​до 70 години


Вашиот апетит има 7 фази и секој што сака да изгуби тежина треба да ги знае
За време на староста, телото станува слабо, а тежината се губи неволно, бидејќи се губи и апетитот и гладот. Студијата посочува дека, во овој момент, јадењето е, пред сè, социјално искуство.
Осаменоста, недостаток на семејно дружење и недостигот на ресурси го спречуваат уживањето во храната. На ова се додаваат и други фактори, како што е тешкотијата при џвакање и други болести. Во оваа фаза, одржувањето на здравата исхрана, надгледувана од специјалист, е неопходна за продолжување на животниот век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.