ПЛАНОТ СЕ ОТКРИВА: Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела

Вања Ѓорчевска била врзана и потоа ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа така изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Полицијата објави хронологија: Убиствата извршени за 30 минути, Ацо ја убил сестра си со која славел Нова Година
Вршителот на должноста директор на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во Цетиње, злосторствата ги извршил на пет локации во рок од 30 минути и дека …
3 хороскопски знаци кои ќе се заљубат во јануари: Повеќе нема да спијат сами, сите ќе слушнат за нивната љубовна приказна
Оваа година на сите ќе ни донесе нешто ново и различно. Секој знак ќе има интересни аспекти на различни полиња, но во овој текст се фокусираме на блиската иднина и три знаци кои …

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти. Токму овој факт предизвикуваше дилема во јавноста бидејќи не беше сватливо како може никој да не забележи и да реагира на грабнувањето.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Упа Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.