Велешанец со бокс ја удрил мајка си во главата, ја давел, па со нож ѝ се заканувал дека ќе ја убие, судот му определил мерка притвор



„На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинитетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, со што и нанел телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајка му да му даде пари. Отккао му рекла дека нема повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие. Кај неа предизвикал вознемирееност и страв“, велат од Обвинителството

Велешанец по вербална расправија во домот со бокс ја удрил мајка си во главата, ја давел, па со нож и се заканувал дека ќе ја убие, информира Обвинителството. Оттаму велат дека Основниот суд во Велес на предлог на јавен обвинител на обвинетиот му определил мерка притвор.

„Јавен обивинител до Основниот суд во Велес поднесе предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејносто насилство. Постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“,

се вели во соопштението на Обвинителството.

Од Обвинителството велат дека Основното јавно обвинителство Велес поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Делата ги сторил при вршење семејно насилство врз сопствеената мајка.

„На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинитетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, со што и нанел телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајка му да му даде пари. Отккао му рекла дека нема повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие. Кај неа предизвикал вознемирееност и страв“,

велат од Обвинителството.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: