Велигден секогаш се паѓа во недела- еве зошто е тоа така

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Што значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.
Велигден е Празник над празниците. Со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Најконкретно со Велигден, празниците се поврзани 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Духовден (Педесетница). А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн.
Велигден е првиот празник на христијаните. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.


Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. На првиот вселенски собор, во 325 година, била донесена одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сончев знак – пролетна рамноденица; месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамноденица; спореден празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш штом влегува во недела. Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.