Велика Британија веќе не е членка на ЕУ

Иако долго траеше натегањето, цели три ипол години и се правеше се за да се забошоти волјата изразена на референдум, од ноќеска на полноќ Велика Британија веќе не е членка на ЕУ.
По 47 години членство, Велика Британија повеќе не е земја-членка на Европската Унија. За премиерот Борис Џонсон тоа значи „промена“ и „зора на нова ера“. Тој сака да ја обедини државата по годините на поделби поради брегзит.
Патот до брегзит ги чинеше кариерите на двајцата премиери – Дејвид Камерон и Тереза Меј, осум министри и десет пати повеќе пратеници.
Европската унија досега никогаш не загуби некоја своја членка, туку постојано се ширеше. Најважната работа која треба да се каже ноќва е дека ова не е крај туку почеток – рече британскиот премиер Борис Џонсон.
Избирачите во Обединетото Кралство одлучија да ја напуштат Европската унија на референдумот одржан на 23-ти јуни 2016 година со мнозинство од 51,89 отсто наспроти 48,11 отсто. И во таа земја за разлика од кај нас резултатите на референдумот се испочитуваа на крај…
Еден од најупорните во целиот овој процес беше Најџел Фараж, кој го сметаат за радикал, а тој себе си си се смета за патриот. Цело време без компромис и повлекување го туркаше процесот и никогаш не престана да зборува дека Британија мора да ги следи своите интереси и да излезе од ЕУ, која е на некој начин германско-француска коалиција…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.