Тие се изживувале и во Африка, Англичаните однеле околу 13 милиони луѓе од тој континент како робови. Бројката на загинати е 3-4 пати поголема, односно вкупниот број на жртви достигнува 50-53 милиони, изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа, исто така, потсетува на Опиумските војни во Кина, Бурските војни и истребувањето на Индијанците. Според откриените документи на Националната архива на Велика Британија англиските власти користеле хемиско оружје за да го задушат востанието на Арапите во Месопотамија (денешен Ирак) пролетта 1920 година. Во 1870-тите Британија извршила геноцид над Зулу народот, а од 1954 до 1961 и во Кенија. Захарова објавила 17 страници архивски материјал за геноцидните акции на Британците на светската сцена.Според неа историјата вели дека нацизмот воопшто не е дело на Хитлер и Германците, туку на “џентлмените Англичани“.
Творци на нацизмот се Англичаните: Томас Kарлајл, Хјустон Чемберлен, Џејмс Хант, Френсис Галтон и Kарл Пирсон. Во еден свој говор дури и Адолф Хитлер изјавил дека им се воодушевува, затоа што во колонизацијата го направиле невозможното, а тој самиот сите идеи ги презел од Британците. Во 1932година токму во Велика Британија е создаден Сојузот на фашисти со кој раководел баронот Освалд Мозли. Уапсен е дури во 1940. година, а во затвор поминал само три године. Умрел во 1980-та, без никогаш да биде прогонуван за своето минато. Концентрационите логори, исто така, се британски изум, а не на нацистите или Троцки, како што денес се претставува.
Како трето, тврди таа, Англичаните се светски прваци во геноцид, затоа што практично ги истребиле Индијанците убивајќи околу 15 милиони, на територијата на денешните САД. Геноцид извршиле и во трите колонизации на Австралија, почнувајќи од 1788 године, а автохтоно население имало 1 милион во околу 500 племиња. Во време на населувањето на Австралија, Англичаните убиле помеѓу 90 и 95 насто Абориџини, додека на Тасманија староседелците се истребени. Англичаните се познати и како „бесачи на деца“, а начинот на кој го правеле тоа ја смрзнува крвта во жилите.
И како петто, според неа, Англичаните први ја создале нарко-мафијата. Во тој контекст важна е уште една страница од британската историја која во стручната јавност е позната како Опиумска војна. Меѓутоа, поправилно би било тоа да се нарече мафијашки систем, чиј главен извор била трговијата со наркотици, заради што речиси цел едан народ го претвориле во наркомани. Се работело во тоа време (19. век) за 300-милионски кинески народ.
Дури 13 насто од приходите на Индија во време на британското владеење доаѓале од продажба на опиум во Kина. Само во периодот од 1791 до 1794 година бројот на лиценцирани опијумски пушилници пораснал од 87 на 663. Истовремено Британија преку опиумот испеглала огромни пари од Kина, што претставувало класична нарко-мафијашка шема. Оваа ситуација довела до две разорни „опиумски“ војни, како и до потполна окупација на Kина од страна на Британија. Откако се случило тоа, Британија почнала да одгледува афион во Kина на милиони хектари, додека бројот на корисници се зголемил на десетици милиони. Kрајот на власта на нарко-мафијата во Kина е дело на комунистите, кои едноставно сите нарко-трговци ги стрелале, а плантажите со афион ги запалиле.