Весли Снајпс пуштен од затвор

Холивудската актерска ѕвезда Весли Снајпс е пуштен од затвор откако одлежа две ипол години од пресудените три години поради затајување на данокот, известија во неделата американските медиуми.Педесетгодишниот Весли Снајпс уште во 2008 година беше прогласен виновен за затајување на данок во периодот од 1999 до 2001 година, На САД тој им останал должен околу седум милиони долари данок, пишува New York's Daily News.Во 2010 година ја загуби жалбата на пониската судска инстанца, а во 2011 година на врховниот суд.Тригодишната затворска казна почна да ја отслужува на во декември 2010 година во затворот Меккин во сојузната американска држава Пенсилванија, затвор со умерената безбедност. Снајпс бил пуштен од затворот во текот на изминатава седмица во домашен притвор во кој ќе може да отседи до јули годинава.Снајпс, кој е мајстор во боречките вештини и филмска ѕвезда во акционите филмови, стана славен по улогите во филмовите „Патник57“, „Големите хеклери“, „Возот полн пари“ и во серијалот за вампирите „Блејд“.
МакфаксХоливудската актерска ѕвезда Весли Снајпс е пуштен од затвор откако одлежа две ипол години од пресудените три години п

Пронајдете не на следниве мрежи: