Вешти лица со искази за случајот „Монструм“

Денес во Кривичниот суд во Скопје со испрашување на вешти лица кои извршиле повеќе вештачења
продолжи судењето за случајот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско Езеро од 12 април 2012 година. Во судница за денешното рочиште се повикани десетина вешти лица.
Судијата Огнен Ставрев на почетокот на рочиштето објасни дека од возилото “Опел Омега“ од претходна постапка има шест фотографии, на една од тие има клуч во бравата за стартување на моторот, додека на минатото рочиште при увидот не можеле да влезат и морале да бараат крим техничар да го отвори.
– Судот ги најде записниците со наредба за чување и преземање, и најден е записник од судот на претходна постапка каде стои дека нема клуч. Ќе направиме се да се најде тој клуч за транспарентноста на процесот, рече Ставрев.
Пред почетокот на рочиштето адвокатите  реагира на сведочењето на заштитениот сведок и побараа да се стави во записник дека се сомневаат во веродостојноста на исказот.
Вештото лице Снежана Николовска, истражувала траги од земја од самото место и од возилото. Рече дека останува во целост на тоа што го кажала на претходна постапка за вештачењето.
– Беше доставена земја од повеќе локации на местото на настанот. Лично земав земја од возилото “Опел Омега“ кое беше во МВР. По споредбата, анализите покажаа дека земјата од браниците и земјата земена од едно од мртвите тела се совпаѓа. Се совпаѓа по боја, гранулација и состав, рече вештото лице.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.