Вељко откри чуден ритуал пред мечевите- еве што мора да му направи свршеницата Богдана пред секој негов боксерски меч

Синот на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ при едно гостување во утринска програма каде зборуваше за своите боксерски мечеви откри кој ритуал го прави пред секој меч, а се однесува на неговата свршеница Богдана Родиќ.
-Таа е секогаш тука во првите редови. Таа е член на екипата. Имаме ние и ритуал, она мора да ми ги бакне двете раце пред да ги ставам ракавиците. На секоја од рацете го имам нејзиниот кармин и потоа влегувам во рингот. Тоа е наш некој ритуал, вели Вељко.

Тој при ова гостување раскажа и дека Цеца и Анастасија се уште не биле на ниту еден меч до сега, но и дека неговата сестра ќе дојде на поглавните мечеви кој следуваат следниот период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.