Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот покоен сопруг, деновиве се стекна со едно важно признание, со кое покажува дека се грижи за својата иднина.
Веќе на сите ни е познато дека тој е професионален боксер, а наскоро ќе стане татко на син, кој ќе го носи името на неговиот татко. Свадбата на Вељко минатата година со денови беше во фокусот на јавноста, а уште тогаш најави дека го очекува уште еден важен животен чекор – дипломирањето.
На Инстаграм тој се пофалил дека од денеска е дипломиран економист на Високата школа за применети и правни науки „Прометеј“, во Бања Лука.