Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка. Тоа значи дека судењето за двојното убиство каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо треба да продолжи в понеделник.
Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот „Скопје“ и е во добра здравствена состојба, изјавил директорот на затворот „Скопје“, Бобан Утковски за „Скопје1“.
Видевски беше хоспитализиран на Клиниката за нефрологија поради проблеми со бубрезите. Нему и уште на четворица обвинети меѓу кои Палевски и таткото на Вања им се суди за двојното убиство. Сите во судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.