Апасиев жесток: Mожам да заклучам дека демохристијанскиот конзервативизам, стана влекач на антимакедонскиот бализам

Штипјани викаат „жалче ме фаќа“ кога гледам како го браните ова дивеење на Африм Гаши, можам да заклучам дека демохристијанскиот конзервативизам, стана влекач на антимакедонскиот бализам. Работата спикер е работа 24/7, тој нема работа па да си оди дома слободен и се што прави надвор од работа е основ за интерпелација.

Се сомневам дека се казнети сите во овие случаи, врана на врана очи не води, обвинителот ќе го стави во фиока и вие ќе мавтате тука дека е казнет. Самиот Гаши призна дека дал наредба да оди обезбедувањето на аеродромот, а вие не го знаете законот за Собрание, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев на денешната седница за интерпелација на Африм Гаши.

Пронајдете не на следниве мрежи: