Надзорните камери во Барселона снимија шокантен напад на маж врз неколку жени кои чекаат на метро станица.
На видеото се гледа како маж оди на платформата и малтретира жени. А потоа како трча кон девојка, која гледала во нејзиниот телефон и не видела како насилно доаѓа кон неа. Ударот бил толку силен што самиот напаѓач изгубил рамнотежа и паднал на земја.
Девојчето е без повреди опасни по живот, а напаѓачот, добро познат на полицијата разбојник, набрзо бил уапсен. Причината за избезумениот напад не е позната, а полицијата се обидува да утврди дали напаѓачот бил под дејство на алкохол или дрога.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.