ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ: Да видиме кој, кого и за што рекетирал: Мицкоски нарачувал текстови од Марјан ДОКАЗ?

Христијан Мицкоски нарачувал текстови од Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот Доказ во чиј дом вчера беше извршен претрес и беа запленети лаптопи, телефони, одредена сума на пари…

– Оваа држава е изградена на рекет, прашањето е кои се тие жртви на кои треба ние да плачеме што правеле криминал, а Мацко ги фатил. Кои се жртвите? Дали се тоа хуманитарни организации што делат храна на сиромашните? Дај да видиме дали се тие жртви, ама се плашат што ќе излезе оф телефонот на Мацко.

Ќе излезе Мицко. Тој е главниот покровител и многу други ќе искочат кои со Марјан комуницираат директно и нарачуваат текстови, нарачувал и текстови за сопругата на Груевски, објаснува Љупчо Палевски.

Тој нагласува дека откако ОЈО “го реши рекетарот”, сега треба да ги реши и “жртвите” односно дека треба да се види зошто биле рекетирани и какви криминали правеле за некој да може да ги рекетира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.