Силно невреме во понеделник опустоши делови од Хрватска, а најголема штета е забележана во Славонија.
Особено настрада општина Бошњаци, каде обилниот град искрши стакла и направи голема материјална штета.
Премиерот Андреј Пленковиќ ја коментираше состојбата во погодените подрачја, кој изјави дека локалните власти ќе направат проценка на штетите, по што Владата ќе помогне.
„Жал ми е за луѓето, од 1000 куќи во Бошњаци, оштетени се над 900 покриви“, додаде премиерот, посочувајќи го обемот на штетата.
Opet Slavonija nastradala. 😔 https://t.co/GMg32H3yxs
— 🌵 Miroslav Matejaš 🌵 (@SilverSpace) July 1, 2024