Германската полиција денес околу 12 часот и 20 минути застрела маж во центарот на Гумерсбах, откако тој ги нападнал пред влезот на пекара.
Како што пренесува Bild, полицаецот испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој потоа паднал на земја.
- Ова е најстариот пар на светот: Заедно имаат над 200 години, се познаваат уште од студентските денови, а се венчаа во дом за стари лица! (фото/видео)
- УХМР алармира: Обилен снег вечерва на планините, силен дожд на пониските места
- Хороскопски знаци кои се чувствителни на критики
- Заврши заложничката криза во француски затвор, сторителот се предал на полицијата
- Георгина објави жешки фотографии! Сè пука под облините, минијатурните гаќички го привлекоа вниманието на сите! (ФОТО)
Случајни минувачи го снимиле нападот со своите мобилни телефони, а на видеото се гледа дека полицајците се обиделе да го задржат напаѓачот, но тој се спротиставил и удрил еден од полицајците.
Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко, а истото можете да го погледнете подолу:
Полициските портпароли во Гумерсбах и Келн сега потврдија дека полицаец пукал од службеното оружје, при што ранил најмалку едно лице.
Меѓу повредените има и полицаец и лицето кое го предизвикало инцидентот.
Според информациите на Bild, напаѓачот наводно е осомничен крадец. Вработен во пекарата наводно повикал полиција, по што осомничениот ги нападнал, најверојатно со нож. Биле испукани околу четири или пет истрели.
Центарот на градот во моментов е затворен, но нема опасност за населението. Повредените се пренесени во болница.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.