Македонија, како дел од Југославија беше светлосни години понапред од некои западни држави кои сега ни солат памет, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
-Генерациите кои доаѓаат имаат се помалку знаење, се отфрлаат предмети како историја, се сакаат да биде инстант.
Страшно е ова што се случува, либералната идеологија кризира и полека станува страшна. Тој морализам, тоа морализирање, тука се разединуваме со НВО секторот.
Левиот феминизам одамна се избори за правата на жените. Во Шведска и Швајцарија во 80-тите немале право на глас жените, сега тука доаѓаат да ни делат ум.
Во Белград додека студирале црнци, таму ги врзувале како мајмуни и им давале банани, вели Апасиев.