(Видео) Жена бара помош на покривот од поплавена зграда

Јужна Полска се соочува со големи поплави, при што многу жители чекаат до последен момент да ги напуштат своите домови ризикувајќи ги своето здравје и животот.

Пожарникарите деноноќно се на терен и им помагаат на жителите да се борат со водниот бран. Еден од драматичните моменти е снимен во Клоџко, Полска, каде што пожарникарите спасиле постара жена качувајќи се на покривот на поплавената зграда.

Имено, како што пренесуваат полските медиуми, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пожарникарите спасуваат лице од зграда, чиј влез е целосно поплавен.

Во Клоџко ситуацијата е особено тешка бидејќи нивото на реката достигна 796 см надминувајќи го рекордот од 1997 година. Ваквиот висок водостој претставува огромна закана и за жителите и за градската инфраструктура. Во некои делови од градот водата веќе стигнува до првиот кат од зградите.

Жителите на поплавените градови се соочуваат со сериозни последици, меѓу кои и губење нода и можен прекин на снабдувањето со гас. Во некои градови веќе е најавена евакуација.

https://www.facebook.com/watch/?v=544904461437837

Пронајдете не на следниве мрежи: