(Видео) Зошто Мицкоски лаже за глупави работи?

Оние кои го проследиле гостувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкастот на Сител, веројатно забележале низа нејаснотии кои ги кажува Мицкоски. Во интервјуто Мицкоски се потсетува на неговите факултетски денови, како се вработил на факултетот, за воениот рок и професорите на Машинскиот факултет.

Да почнеме со ред, тргнувајќи од настани кои се поврзуваат со денешните активности на Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во еден момент од интервјуто Мицкоски објаснува дека професорот Данев, му дозволил да работи со А-тестовите на Машинскиот факултет кои се правеле на увозните возила и за тоа добил уште една плата, покрај таа како асистент на факултетот, со што му се зголемиле примањата (кои како што објаснува претходно му биле доста помали). Инаку, професорот Данев е свекор на Ана Павловска Данева, професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ која неодамна беше избрана за судија во Уставниот суд на Република Македонија.

Второ е она што јавноста веќе го има слушнато. Мицкоски во ова интервју негираше дека бил асистент кај неговиот татко, односно нагласи дека е првиот на Машинскиот факултет кој е избран со тајно гласање. Гласањето било тајно, иако неговиот татко во тој момент не е само професор на факултетот, туку и продекан за финансии. За потсетување, Мицкоски претходно потврди дека бил асистент кај неговиот татко еден семестар, а видеото можете да го погледнете во продолжение:

Интересно е што Мицкоски има различни изјави и за служењето на неговиот воен рок. Во неколку наврати има кажано дека бил во војска, во ова гостување кажа дека служел воен рок во 2003 година, кога тој имал 26 години, се присетува и на погребот на претседателот Трајковски. Претходно во неколку наврати Мицкоски, одговарајќи на прозивките на Али Ахмети, на Фејсбук објавуваше фотоградии од војска, наводно од 2001 година, за што сега објаснува дека во 2001 година тој само се пријавил како доброволец, но од некои причини не го примиле.

И сега што е точно? Овие фотографии со кои го убедува Ахмети дека бил во војска во 2001 година, или неговото неодамнешно гостување во кое објаснува дека бил во војска за време на погребот на претседателот Трајковски?

Во врска со периодот 2001-2002 година од животот на Мицкоски има и други неразјаснети околности. Мицкоски споменува студиски престој во Италија, а истовремено, според неговите кажувања во тој период работел и во компанијата Фонко. Се би било во ред да не постои законот на физиката дека едно тело не може да биде на две места, освен ако не си Мицкоски…

Многу нелогичности, приказни кои не се спојуваат една со друга, временски периоди кои не се поклопуваат, различни изјави за исти настани е кратката анализа на гостувањето на Мицкоски во подкастот на Сител. И постојат само две објаснувања за овие нелогичности, едната е дека тој не знае да раскажува, па на јавноста не ѝ се комплетно јасни и сфатливи неговите приказни, а втората опција е дека не ја кажува вистината, а има и лоша меморија, па секоја следна лага е различна од претходната.

Пронајдете не на следниве мрежи: