На едно од видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи како густ чад избива од еден дел од Версајската палата наречен Мермерен двор
Во Версајската палата денеска избувна пожар, а сите посетители биле итно евакуирани, пренесува „Ројтерс“.
Пожарникарите веднаш пристигнале и го локализирале пожарот.
Палатата е изградена во 17 век за кралот Луј 14, а била главната кралска резиденција до Француската револуција и соборувањето на монархијата во 1789 година.
Versailles en feu?🤔🫢 pic.twitter.com/bWzkTE55HE
— RUMATA (@rumata_sahing1) June 11, 2024
На едно од видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи како густ чад избива од еден дел од Версајската палата наречен Мермерен двор.
Од одговорните за палатата официјално соопштија дека пожарот е изгаснат, нема повеќе пламен и чад, како и дека нема оштетување на колекцијата во Версајската палата.