ИЗРАЕЛ ЛИКВИДИРАШЕ ВИСОК КОМАНДАНТ НА ХЕЗБОЛАХ – Во бомбашки напад загина лидерот на елитната единица

Во нападот на израелската Армија (ИДФ) на југот на Либан, убиен е заменик-командантот на елитната единица на Хезболах – Радван, потврдија денеска три добро информирани безбедносни извори кои го идентификуваа паднатиот офицер на Хезболах како Висам ал Тавил.

Зимата ќе им ги стопли срцата: Овие знаци ќе имаат среќа во љубовта во наредните месеци
Додека надвор температурата паѓа, зимата на некои хороскопски знаци ќе им донесе вистинска лавина од романтични моменти. Оваа зима универзумот има посебни планови за љубовта во …
Тајната на познатата пунџа на Јованка Броз: Малкумина знаат дека има валидна причина зад нејзината фризура, нејзината поранешна шивачка откри сè (фото)
Јованка Броз, сопругата на поранешниот доживотен претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, отсекогаш била позната како дама со препознатлив стил, а многумина ја паметеле по …

За медиумската агенција Reuters беше потврдено од истите извори дека Висам ал Тавил и уште еден борец на Хезболах биле убиени во нападот на ИДФ, кога нивниот автомобил бил погоден со проектил во либанското село Мајдал Селм.

„Ова е многу болен удар“, изјавил еден од безбедносните извори, додека друг оценил дека „ситуацијата сега ќе се разгори“.

Откако започна меѓуграничната размена на оган меѓу Израел и Хезболах, откако Хамас ја нападна израелската територија на 7. октомври, во израелските воени операции загинаа повеќе од 130 членови на Хезболах во јужен Либан, а други 19 беа убиени во Сирија.

Генералниот секретар на Хезболах, Саид Хасан Насрала го предупреди Израел во две телевизиски обраќања минатата недела да не започне војна во Либан.

„Кој мисли на војна со нас, накратко му велам дека ќе зажали“, порача Саид Хасан Насрала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.