Кинески воен авион дошол на шест метри од авион на американското воено воздухопловство и го принудил да маневрира за да избегне судир над Јужното Кинеско Море, соопшти денеска американската војска.
Во инцидентот учествувале борбен авион Ј-11 на кинеското воено воздухопловство и авион RC-135 на американското воено воздухопловство, се вели во соопштението на американската војска, пренесе Ројтерс.
Инцидентот се случил на 21 декември, се наведува во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.