(Видео) Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе носат Охридски бисери

Почитуваната амбасадорка од Македонија во Велика Британија, нејзината екселенција, по повод посетата на Бакингемската палата во Велика Британија и средбата со неговото височество Кралот Чарлс Трети, покрај протоколарниот дел од средбата организиран на највисоко ниво со неговото височество, почитуваната амбасадорка ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од најубавите стари брендови кој традиционално ја претставуваат културата на Македонија и регионот низ светот.

Брендот Охридски Бисер и Филигран-Филеви Т.М. 1928 изразува огромна благодарност за довербата и честа која ни беше укажана, за овој величествен чин, да биде избран нашиот луксузен бисерен накит кој специјално го изработи со огромна љубов, почит и позитивна енергија, четвртата генерација изработувач на оригинален охридски бисер и почесен конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев.

Пронајдете не на следниве мрежи: