Две и пол години Христијан Мицкоски зборува единствено за ново парламентарно мнозинство и предвремени избори, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Кузеска објави видеа, на кои првиот човек од ВМРО-ДПМНЕ пред две години зборува за предвремени избори за потоа, како што вели Кузеска, да тврди дека никогаш не кажал оти ќе има предвремени парламентарни избори.
Таа оцени дека Мицкоски „постојано покажува дека е слаб, без став и политички компас, нему му е битно само да се докаже пред Димитар Апасиев и Левицата, чиј заложник е“.
Пронајдете не на следниве мрежи: