„Пратеничката група на Левица денес ја поднесе декларацијата за признавање на Палестина во Собранието на Република Македонија. Со оваа декларација уште еднаш изразуваме поддршка за правото на палестинскиот народ на самоопределување како основно човеково право загарантирано со меѓународното правo и принцип водилка на сите народи кои се борат за слобода и независност“ соопштија од политичката партија Левица денеска на прес-конференција во Собранието на Република Македонија.
– „Палестинскиот народ со децении е жртва на ционистичкиот режим кој спроведува систематски колонијализам и етничко чистење. Признавањето на независноста на Палестина е важен чекор кон исправање на историските неправди нанесени на овој народ. Политиките кои ционистичкиот режим ги спроведува врз Палестинците не се ништо помалку од Апардхејт.
Систематската гетоизација и конфискација на земјиштата на Палестинците се само дел од дејствијата кои ја продлабочуваат окупацијата. Во овие мигови се случува и геноцид врз палестинскиот народ во Газа. Незамисливо насилство, лишување од основните услови за живот, бомбардирање на домови, убивање на цивили вклучувајќи деца се јасни докази за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Меѓународната заедница мора да преземе дејствија за да ги спречи овие варварски дела и обезбеди правда за Палестинците. Со оваа декларација Македонија ќе се приклучи на светското движење за признавање на палестинската независност.“ – истакна на прес-конфњренцијата пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ.