Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп наскоро ќе ги објави мемоарите наречени „Меланија“.
Според информациите, нејзините први мемоари ќе бидат објавени на 1 октомври, пред претседателските избори во САД.
Меланија проговори на социјалната мрежа Х и порача дека е време за нејзината „приказна, перспектива и вистина“.
„Пишувањето на овие мемоари беше длабоко лично и промислено патување за мене“, рече таа во објавеното видео.
„Како многу приватна личност, често сум била предмет на јавна осуда и погрешно претставување, па чувствувам одговорност да ги разјаснам фактите. Верувам дека е важно да ја споделам мојата перспектива – вистината“, додаде таа.
Нејзината канцеларија ги опишува мемоарите како моќна и инспиративна приказна за жена која го трасирала својот пат, ги надминала сите неволји и ја „дефинирала личната извонредност“.
Книгата, како што се наведува, е полна со лични приказни и семејни фотографии кои таа до сега не ги споделила со јавноста.