Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен и не е фактор во Владата

Иван Стоилковиќ не е важен и не е фактор во Владата, вели вицепремиерот Изет Меџити во изјава за медиумите денеска по посетатат на Албин Курти на Македонија.

– Иван Стоилковиќ не е фактор, мислам дека некој сака да го претстави како поголем, дека тој го преземал Охридскиот рамковен договор. Има одлука на Влада дека координатор за Охридскиот договор ќе бидам јас, вели Меџити кој нагласи дека денешната посета на Курти е многу позитивна и ја продлабочува соработката меѓу двете држави.

ЛИНК од изјавата на Меџити

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.